фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ убедливо го совлада Феникс 2010 на стартот од четвртфиналната плеј-оф серија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и актуелни шампиони на Македонија имаа успешен старт во плеј-офот на шампионатот. Серијата се игра до три победи.

Денеска „металците“ лесно и убедливо со резултат 81:58 триумфираа над екипата на Феникс 2010.

Најефикасен во победничкиот тим беше Дамјан Стојановски со 17 поени, следен од Милош Копривица кој имаше дабл-дабл учинок од 15 поени и исто толку скокови.

На спротивната страна Адетукаси реализираше 12 поени.

Во другите мечеви од четвртфиналната плеј-оф серија: Работнички – Пелистер 67:64, МКК Куманово – Кожув 85:73 и ТФТ – Чаир 2030 85:68.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот