
МЗТ Скопје Аеродром тесно поразен од Домжале во АБА 2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром играа со доста осцилации, и на крајот беа казнети од екипата од Домжале која славеше со резултат 72:70 во АБА 2 лигата. Македонскиот шампион испушти предност од шест поени во последната четвртина и на крајот загуби од словенечкиот пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“.
Препорачано
Нецели три минути им требаа на кошаркарите на МЗТ да ја надополнат негативата од првото полувреме (30:34). Направија серија од 8:3 доволна за да поведе, макар и со минимални 38:37.
И да најави доста поефикасна игра во второто полувреме. Она првото беше доста „сиромашно“, минути во кои гостите од Словенија си поделија по 17 поени, и беа за нијанса подобри во тој офанзивен дел. Во продолжението, Слај беше играчот кој го поведе домашниот тим кон многу поголема ефикасност, и беше основната „причина“ (веќе имаше 15 поени) што аеродромци имаа постојана предност навистина и не поголема од пет поени, како што беше во финалната минута од третиот дел од играта (53:48).
Сепак, по три одиграни четвртини „сино-белите“ имаа уште еден поен плус на своето конто, во онаа последната, влегоа со резултат 55:49. Долго време „металците“ ја чуваа таа позитива. Но, на две минути пред крајот, со серија од шест поени по ред, Хелиос успеа во обидите да направи пресврт, односно да поведе со 68:67.
Имаа гостите и повисоки 71:68, но Слај со својот 20 поен, ја сведе негативата на „пола кош“ (70:71). Во наредниот напад, Шпан беше половичен од линијата за слободни фрлања, за 72:70, и му даде последна шанса на МЗТ. Не ја искористи Баковиќ, кој не погоди за победа на домаќините.
Слај и Едвин заедно искомбинираа 37 поени во редовите на МЗТ кој во следното четврто коло на 5 ноември ќе игра против истиот тим, но овој пат во Домжале.