Земјоделство / Фото: Архива на Слободен печат

МЗШВ објави јавни повици за финансиска поддршка за модернизација на земјоделските стопанства

Денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави три јавни повици за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, со цел модернизација на земјоделските стопанства во Македонија.

ЈАВЕН ПОВИК БР. 05/2025

Овој повик ги покрива следните инвестиции:

– Набавка на машини за разбивање на мраз;

– Набавка на системи против замрзнување;

– Заштитни мрежи и заштитени фолии;

– Набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода;
– Инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.

ЈАВЕН ПОВИК БР. 06/2025

Овој повик се однесува на:

– Набавка на приклучна земјоделска механизација.

ЈАВЕН ПОВИК БР. 07/2025

Овој повик ги покрива следните области:

– Инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;
– Инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем.

За сите три јавни повици максимална вредност е 600.000,00 денари по корисник.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Право на аплицирање имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Крајниот рок за доставување на барањата е 11.07.2025 година.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со поддршка за модернизација на земјоделскиот сектор, со што ќе се допринесе во подобрување на квалитетот на производите и зголемување на приходите, порачаа од министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот