Коронавирус ковид-19 Македонија болница 8 септември
Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

МЗ: 292 нови ковид случаи и 7 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.410 тестови, а регистрирани се 292 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 140, Битола – 21, Куманово – 18, Велес – 16, Прилеп – 14, Тетово – 13, Кавдарци – 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Виница – 4, Струга и Демир Хисар – по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија– по 1.

Од вкупниот број на позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции.

Регистрирани сe 303 оздравени пациенти од: Скопје – 168, Куманово – 25, Битола – 15, Кавадарци – 14, Тетово – 13, Велес – 11, Прилеп – 8, Гостивар, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струмица, Гевгелија и Дебар – по 4, Штип, Кочани и Сруга – по 3, Неготино, Свети Николе, Берово и Ресен – по 2, Охрид, Виница, Демир Хисар, Валандово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85г) и Кавадарци (67г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1).Починатите лица се на возраст од 45г. до 85г. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022. Од пријавените починати лица, 4 се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот