Фото: А1он

МВР се огласи околу договорената тинејџерска тепачка во „Бисер“: Спречена пресметка меѓу две групи

Министерството за внатрешни работи се огласи околу вчерашните случувања во скопскиот трговски центар „Бисер“, каде се собраа околу 300 млади на средношколска возраст, откако две групи договарале масовна тепачка, како што објави порталот „А1он“.

„По добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански” има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром преземени се соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи“, велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот