Фото/Фејсбук

МВР: „Лев Тахор“ од Куманово се пресели во Скопје, привремено престојуваат во државава

Групата еврејски верници за кои се претпоставува дека се членови на еврејската верска заедница Лев Тахор го напушти Куманово, и во моментот престојуваат во Скопје, изјавија од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“.

– Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, велат од МВР.

Инаку, групата на еврејски верници од 5. февруари престојува во градот Куманово. Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за 30 лица кои преку скопскиот аеродром влегле во Северна Македонија.

ВИДЕО | Случај Лев Тахор: Зрело ли е македонското општество да ги прифаќа различностите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот