
Мусети во пет сета го совлада Фриц и закажа полуфинале против Ѓоковиќ на Вимблдон
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон ќе игра против Лоренцо Мусети. Италијанскиот тенисер закажа пресметка со Ѓоковиќ по денешната победа над Тејлор Фриц од САД во пет сета – 3:2 (3:6, 6:2, 7: 6, 3:6, 6:1). Дуелот меѓу Мусети и Ѓоковиќ е закажан за в петок на „Централниот терен“.
Препорачано
Потсетување дека Ѓоковиќ без борба обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисери на турнирот, поради повлекувањето на Алекс Де Минор поради повреда.
Изборот се спушти на играчите со кои Ѓоковиќ има одличен учинок на АТП-турнејата (15:1), а на крајот победи Лоренцо Мусети, ривал кој неодамна го совлада во третото коло на Ролан Гарос.
A Musetti masterpiece ?
Lorenzo Musetti defeats Taylor Fritz 3-6, 7-6(5), 6-2, 3-6, 6-1 in a stunning performance to set up a semi-final meeting with Novak Djokovic ?#Wimbledon pic.twitter.com/xTAwFwkr9H
— Wimbledon (@Wimbledon) July 10, 2024
До сега Италијанецот победил против српскиот ас само еднаш во нивните шест средби. И тоа лани на Мастерсот во Монако, за Србинот да му се одмазди сезонава на истиот турнир, а потоа да го победи во Париз.
Новак Ѓоковиќ доби одлична жрепка на Вимблдон оваа сезона. До сега немаше поголеми проблеми на турнирот. Неодамна оперираното колено, барем според она што го видовме до сега, не му направи посериозни проблеми, па навивачите и тимот на српскиот тенисер можат да се надеваат на нов добар резултат во Лондон.
Како што кажавме, Ѓоковиќ има добар скор против Музети, а италијанскиот тенисер ќе биде негова втора сериозна пречка на турнирот по Холгер Руне, кого релативно лесно го совлада во четвртфиналето. Втората полуфинална двојка на Вимблдон ја сочинуваат Данил Медведев – Карлос Алкараз.