
Муратоглу: Алкараз ги има квалитетите на Ѓоковиќ, Федерер и Надал
Познатиот тренер Патрик Муратоглу смета дека Карлос Алкараз од Шпанија ги има квалитетите на тројцата најдобри тенисери на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, Швајцарецот Рожер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Алкараз ги комбинира квалитетите на тројцата најдобри тенисери во историјата. Има импресивна способност на контранапад, целосно споредлива со онаа на Ѓоковиќ, може да игра долги размени давајќи многу спин, како Надал, но оној дел од неговата игра што најмногу ми се допаѓа е како да го гледам Федерер – вели Муратоглу, а пренесува „Еуроспорт“.
Алкараз на кого му предвидуваат голема тениска иднина, годинава го освои својот прв грен слем турнир „УС Опен“ откако во финалето со 6:4, 2:6, 7:6 (1) и 6:3 го совлада Каспер Руд од Норвешка.
Алкараз моментно е најдобриот тенисер во светот, прв на АТП листата со 6,730 поени.
– Тој е многу агресивен и исклучително креативен на теренот, секогаш бара нешто, со секој удар. Брзината со која може да влезе на теренот е нешто што е целосно карактеристично за Федерер. Покрај тоа, тој многу добро сервира за својата висина. Никогаш не сум видел толку комплетен играч на само 19 години – се зборовите на Муратоглу, кој од неодамна го тренира Данецот Холгер Руне, 27 играч на светот.