pixabay

Мултипла склероза е болест со илјада лица

Мултипла склероза е хронично автоимунa болест на централниот нервен систем, а се нарекува иболест со илјада лица.

Тоа е затоа што симптомите на оваа болест се манифестираат различно кај секоја заболена личност – од трнење во рацете и нозете или проблеми со меморијата, па сѐ до парализа или губење на видот.

Најчесто се појавува помеѓу 20-тата и 40-тата година од животот, а жените заболуваат трипати почесто од мажите.

До денес не е откриена точната причина за мултиплекс склероза и се смета дека таа болест е резултат на комбинацијата на генетските и на факторите на животната средина. Иако мултиплекс склерозата не се смета за директно наследно заболување, постои одредена наследна предиспозиција за појава на болеста.

Интересно е исто така да се напомене и дека мултиплекс склерозата е петпати почеста во Европа, во северниот дел на САД и во Канада, а најретко се појавува во тропските предели и на Далечниот Исток.

Надворешни фактори

И додека генетската предиспозиција ја одредува предиспозицијата за појава на мултиплекс склероза, причините за појавата на оваа болест се главно надворешни. Надворешни причини за појава или влошување на оваа болест вклучуваат дебелина во детството, недостиг на витамин Д, пушење и одредени инфекции.

Ниското ниво на витамин Д се смета за еден од поважните надворешни фактори за развој на мултиплекс склероза, што можеби ја објасни ниската зачестеност на болеста во земјите во близина на Екваторот, но и во северните земји што и покрај недостигот на сончева светлина, традиционално консумираат храна полна со витамин Д, како што е Норвешка.

Внесувањето на витамин Д често се препорачува за пациенти со мултиплекс склероза, но само ако со мерењето се докаже ниско ниво на овој витамин во организмот на пациентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот