Фото: Телма / принтскрин

Му укажуваме на Ахмети дека партијата не оди во добра насока, вели „огнениот“ Хасани

Башким Хасани од т.н. „огнена група“ на незадоволни членови и функционери во ДУИ, вечерва „Топ тема“ на „Телма“ рече дека уште во септември потпишале писмо и го испратиле до партискиот лидер Али Ахмети, барајќи да се формираат органи во кои сите министри, вклучувајќи го и вицепремиерот, ќе даваат отчет пред партијата, па и пред граѓаните, за тоа што имаат сработено.

„Тоа беше наша прва алатка со која сакавме директно и јасно да го информираме нашиот претседател дека партијата не оди во добра насока и начинот на кој владеат министрите на Демократската унија за интеграција не оди во интерес на граѓани. И тоа се докажа по формирање на тие органи на партијата, две години од првиот Конгрес, сите министри дадоа извештај за сработеното. Ние како група, направивме ревизија на тој извештај и заклучивме дека многу малку имаше сработено“, рече Хасани.

Со вториот чекор, со прес-конференција, додава тој, го информирале Ахмети дека ќе продолжат и кај граѓаните и во структурите на ДУИ да информираат за она што се случува.

„Со третиот чекор, односно петицијата, даваме можност за секој граѓанин, и наш активист и структурите на ДУИ, да можат слободно да се изјаснат и тоа да биде плус алатка за информирање на нашиот претседател дека тоа што го кажуваме го мисли и мнозинството на членството. Конкретна бројка немаме“, потенцира Хасани.

Почна гласањето за разрешување на Груби и министрите од ДУИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!