Фото: Инстаграм/Криси Тиген

„Му ја дадовме првата доза инсулин“: Синот на Џон Леџенд и Криси Тиген има дијабетес тип 1

Мајлс (8), синот на пејачот Џон Леџенд (45) и манекенката Криси Тиген (38), има дијабетес тип 1, дијагноза која му била утврдена неодамна, по негова хоспитализација поради стомачна инфекција.

Имено, Тиген пред три дена сподели фотографија со ќерка ѝ Луна (6) и син ѝ Мајлс, за време на Олимписките игри во Париз, Франција. Тогаш нејзините следбеници забележаа дека момчето носи сензор за мерење а гликемија, па сега Тиген реши да ја објасни здравствената ситуација на момчето.

„Многу од вас забележаа нешто специфично на фотографијата која ја објавив пред неколку дена – Луна, Мајлс и јас како ја бодриме Симон и тимот на САД. Мајлс ја имаше кренато раката и многу од вас ме контактираа за да ми ги кажат најубавите зборови кои некогаш ги имам видено на оваа платформа.

Го забележавте сензорот за дијабетес тип 1 и ни испративте толку многу љубов и охрабрување. Одушевена сум од љубезноста на ова општество.

Пред неколку недели, нашиот Мајлс се разболе и беше во болница со страшен случај на шигела, цревна инфекција предизвикана од бактерија во водата или храната. Многу од неговите другарчиња беа болни, бидејќи беа во истиот камп. И добро, се случува тоа. Но, лекарите знаеја дека нешто друго не е во ред со резултатите од тестовите на крвта. Оттогаш научив дека на многу деца вака им е дијагностициран дијабетес тип 1 – кога одат на болница за нешто сосема друго.

По повеќе тестирања, дознавме дека тој е во почетна фаза со доживотен Т1. Синоќа, му ја дадовме првата доза инсулин. Поинаков, нов свет за нас и ние учиме многу во текот на ова патување.

Оваа објава е за да ви се заблагодарам за вашата љубезност. На Мајлс многу му помогна што знае дека и други луѓе минуваат низ истото и дека не е сам“, напиша таа на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Криси Тиген

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот