Моторџиите во МВР

фото мвр

Денеска (10.02.2021) началникот на Секторот за сообраќај при Одделот за униформирана полиција во Бирото за јавна безбедност Дејан Трајковски и претставници на МВР одржаа работна средба со претставниците на Мотоциклистичката федерација и мото клубовите „Ноќни волци” и „Но лимит”,  на која се разговараше за новодонесените измени во Законот за безбедност во сообраќајот, а пред претстојната сезона на употреба на мотоциклите која с еочекува да почне со подобрувањето на временските услови. Заеднички беше констатирано дека почитувањето на законите може само да придонесе за побезбеден сообраќај и дека затоа сите мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

На состанокот беше презентирана и статистика за бројот на сообраќајни незгоди во кои учествуваат мотоциклисти и беше договрено заеднички да се преземат активности за оваа бројка да се намали. На состанокот беа дадени и предлози за унапредување на соработката меѓу надлежните служби во МВР и претставниците на мотоциклистите и беше договорено ваквите состаноци да се интензивираат, како и да се организираат заеднички едукативни кампањи со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено оние со потешки последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот