Мотоциклист прегазил пешак на „Партизанска“

Фото: МВР

Триесетгодишен маж е тешко повреден откако бил прегазен од мотоциклист на пешак.

Како што информираат од МВР, вчера во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од дваесет и седумгодишниот Е.П. од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ. од с.Рашче, скопско.

Во несреќата и мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот