Москва ја прозва американската амбасадорка поради поддршката на три „непожелни“ невладини организации

Американска амбасада во Москва / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Руското Министерство за надворешни работи денеска ја повика американската амбасадорка во Москва, Лин Трејси, да престане да дава поддршка на три невладини организации кои се прогласени за „непожелни“ во Русија.

Министерството на својата веб-страница објави дека бара Трејси да престане да дава каква било помош за „Американските совети за меѓународно образование“, „Културни перспективи“ и „Институтот за меѓународно образование“.

Министерството тврди дека со поддршка на Американската амбасада, овие организации спроведуваат антируски програми и проекти насочени кон регрутирање агенти на влијание под маската на образовна и културна размена.

Министерството предупреди дека „обидите за мешање во внатрешните работи на Русија“ ќе бидат „остро и решително потиснати“, вклучително и протерувањето на вработените во американската амбасада кои биле вклучени во такви акции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот