Мората и официјално останува во Јувентус и следната сезона

Алваро Мората/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

 Италијанскиот тим и официјално ја искористи клаузулата според која може да го задржи Алваро Мората уште една година во Торино. Јувентус потврди дека платил уште 10 милиони евра за Мората и следната сезона да го носи „црно-белиот“ дрес, а во исто време доби можност целосно да го откупи договорот за дополнителни 30 милиони евра.

Мората минатото лето пристигна на позајмица во Јувентус од Атлетико Мадрид и тоа на една плус една година, односно „старата дама“ за неговите услуги плаќа по десет милиони евра по сезона.
Зелено светло за Мората да остане и следната сезона даде новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри кои своевремено во 2014 година и го донесе шпанскиот репрезентативец во Торино. Минатата сезона, Мората на 44 натпревари за Јувентус даде 20 гола и имаше 12 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот