„Монако на југословенската ривиера“ – Поранешното одморалиште за воената елита на ЈНА наскоро би можело да стане хит во светот

Откако Џејмс Доналдсон, попознат по прекарот MrBeast, минатата година објави видео на својот јутјуб-канал наречено „Преживеав 7 дена во напуштен град“, светот го запозна Купари.

Ова поранешно одморалиште на воената елита на ЈНА во општината Жупа дубровничка, кое беше познато како Монако на југословенската ривиера, каде најпознатиот јутјубер на денешницата снимаше со своите пријатели, не е напуштено – само така изгледа во зимските месеци.

Според пописот на населението од 2021 година, во Купари живеат 950 жители. Меѓутоа, во летните месеци местото оживува и многу луѓе доаѓаат да пливаат на прекрасната плажа со песок и чакал во заливот кој го одзема здивот.

Населбата го добила името по латинското име за „цигларите“ – cuparii. Производството на тули и ќерамиди (купи) на овие простори датира од раниот среден век, а извесно време Купари се нарекувал и Криепи.

Производството на тули и ќерамиди растело и се развивало, а неговото значење било особено изразено по големиот земјотрес во 1667 година, кога во Дубровник и неговата околина морале да се поправат и обноват многу уништени работи.

На почетокот на 20 век, Купари почнал да се трансформира во одлична дестинација за летен и зимски туризам. Препознавајќи го неговиот потенцијал, претприемачите од Чехословачка го изградиле првиот хотел во 1920 година, по што следело уредување на плажи, паркови и шеталишта, изградба на спортски терени и објекти за одмор и рекреација.

Во втората половина на 20 век, Купари стана воено одморалиште наменето за офицерите на ЈНА и нивните семејства, како и државните функционери од поранешна Југославија.

Сместен покрај спектакуларна плажа, овој комплекс од 1960-тите го изгради Јосип Броз Тито како ексклузивно одморалиште за воената елита на поранешна Југославија. На највисоките офицери им беа дадени приватни вили, пониските чинови можеа да избираат меѓу шест луксузни хотели, додека војниците беа сместени во камп опкружен со палми и богато зеленило.

Тито бил толку маѓепсан од Купари што во близина изградил две приватни вили со поглед на морето за него и неговата сопруга Јованка. Во тие резиденции тој бил домаќин на бројни светски достоинственици, меѓу кои Ричард Бартон и Елизабет Тејлор.

Обновувањето би чинело околу 150 милиони евра

Гардијан пишува дека сега, по три децении пропаѓање, локалната заедница се надева дека комплексот конечно ќе биде реставриран како дел од проектот вреден 150 милиони евра, кој треба да го донесе првиотресорт со пет ѕвезди во регионот.

„Ова место веќе 30 години озгледа како руина, па сите се задоволни што конечно ќе се реновира, и ќе донесе нови работни места“, рече Марко Дабровиќ, архитектот кој го надгледува проектот.

Но, по повеќе од една деценија одложувања и неизвесност, многумина сè уште се скептични.

„Луѓето сакаат да веруваат дека проектот ќе се оствари, но чекаат да видат дали навистина ќе се случи“, додаде Дабровиќ за време на ексклузивната обиколка на оградениот комплекс за The Observer..

Реновирањето на ова некогаш луксузно одморалиште го презел конзорциум со седиште во Сингапур, кој соработува со синџирот хотели Four Seasons.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea Hoffman (@chelseadawnhoffman)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот