МОН: Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение

Учебници Фото: МОН

Министерството за образование и наука започна со испорака на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година.

Како што информираат од МОН, процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот на новата учебна година.

Постапката за печатење на новите учебници започна пред две недели, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебна електронска апликација на министерството.

Прашањето за новите учебници го решивме системски и долгорочно. Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот