
Момчињата родени во овој месец можат да бидат леваци! Месецот на раѓање ја одредува судбината
На познавачите на хороскопите не им е тешко да откријат во кој знак или месец се родени луѓето, врз основа на некои нивни карактеристики и однесување.
Препорачано
Така, се вели дека јануарските бебиња се имуни на празнични или сезонски депресии, веројатно затоа што се родени во самиот месец на прослави.
Резултатите од истражувањето на оваа тема, кое било спроведено во Виена, покажало дека јануарските деца се помалку нервозни, и дека такви се и кога ќе пораснат. Кога станува збор за здравјето, тие може да имаат проблеми со дијабетесот бидејќи, според ова истражување, зголемениот ризик од оваа болест е поврзан со недостаток на сончева светлина во последните месеци од бременоста, што е вообичаено кај „зимските“ бремености и бебињата.
Еве некои други карактеристики кои ги споделуваат луѓето родени во јануари.
Независност
Тие се посериозни и поодговорни од другите дури и во детството. Подоцна тие се истакнуваат како лидери. Имаат вродена самодоверба, тврдоглави се, тешко им веруваат на другите и затоа сакаат сѐ да прават сами.
Креативност
Имаат изразена смисла за хумор, која понекогаш преминува во сарказам. Сметаат дека нема срам да не знаат нешто, лукави се и креативни.
Љубов
Уживаат да бидат заљубени, но не зборуваат премногу за тоа и за своите чувства. Доколку сте во врска со личност родена во јануари, таа ќе ви покаже дека ве сака.