Фото: Архива на „Слободен печат“

Момчиња од Скопско се повредени во судир на нивниот мотор со автомобил

Во тешка сообраќајна несреќа во Скопје, вчераутро се повредени две момчиња од селото Кучевиште, од кои едното има сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се возеле на мотор и се судриле со автомобил „Пежо“.

„На 22.09.2025 во 07:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(46) од с.Кучевиште, скопско и мотоцикл управуван од А.К.(23) од с.Кучевиште, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Н.Д.(22), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот