Собир на „Партизанска“ поради трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Момчето на Фросина со емотивна порака: Нашите планови ги срушија за миг

Со емотивна порака на социјалните мрежи, Петар Ристов – момчето на Фросина Кулакова која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“ се прости од својата сакана.

 

„Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој“, напиша тој во објава на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Петар Ристов (@ristov.p)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот