Фото: Град Скопје / илустрација

Момче од Косово повредено кај Стенковец, напаѓачите му го следеле џипот од грчката граница и го гаѓале со камења

51-годишен жител на Косово вчера на граничниот премин „Блаце“ пријавил дека тројца напаѓачи, со кои претходно имале расправија на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, фрлиле камења кон неговиот џип од надвозникот на клучката од скопската обиколница кај Стенковец, при што го повредиле неговиот син, соопшти МВР.

„На 01.05.2023 на Граничен премин Блаце, Р.Ш.(51) од Косово пријавил дека околу 15.50 часот на обиколница Скопје, на клучка Приштина, три лица фрлале тврди предмети кон неговото возило „ланд ровер дефендер” и го оштетиле, при што со повреда се здобил неговиот син. Според пријавеното, причина за настанот е недоразбирањето што го имал претходно со лицата на Граничен премин Богородица,“ се вели во полициското соопштение.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот