
Моќна исповед на Лејла Рамковска: „Изгубив сè, но токму јогата ме научи повторно да живеам“
Лејла Рамковска, инструкторката по јога која има повеќе од 29.000 следбеници на Инстаграм, сподели длабоко лична и инспиративна приказна што допре многумина.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Позната по својата смиреност и дисциплина, таа овојпат го отвори срцето и се потсети на болниот почеток на својот пат – моментот кога, како што вели, го допрела животното дно.
„Заборавив каква бев пред 12 години… слаба, нефлексибилна, со гастритис, дискус, спондилоза, калцификат на рамото, нарушен центарот за баланс и вертиго, само 49 килограми, со две мали деца, изгубивме сè што имавме, финансиски на дното, со брак кој се распаѓаше.
Тогаш почувствував дека сум пред самиот крај на дното.
Токму тогаш се свртев кон себе. Се изолирав и започнав со јога.
Полека, чекор по чекор, стекнав флексибилност, сила и нова стабилност.
И животот почна повторно да се движи во нагорна линија, почнаа да наидуваат нови можности…
Благодарна сум на сите вас што ме поддржавте, преку социјалните мрежи, како поединци така и фирми, полните групи и како верни практиканти.
Последниве месеци направив пауза, неконзистентно вежбав… и повторно се вратија анксиозноста, утринските болки и вкочанетоста.
Ова само ме потсети: јогата е мојот пат, мојата лекција и мојата сила. Каде јас, таму и мојот мат“, напиша Рамковска во својата објава.