Фото: Принтскрин

Мојсовски и официјално нов директор на АМС

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Наумче Мојосвски, од денеска и официјално е новиот директор на Агенцијата за Млади и Спорт.

Името на Мојсовски подолго време се споменуваше како наследник на Дарко Каевски кој беше последен директор на АМС, а сега е пратеник, но поради желбата на ДУИ да го добие ова директорско столче, назначувањето се оддолжи.

На крајот, Владата денеска донесе одлука да го назначи поранешниот ракометар за нов директор на АМС:

„ Владата на Северна Македонија на оваа седница за директор на Агенцијата за млади и спорт го именуваше Наумче Мојовски, наш врвен спортист и ракометен репрезентативец“, стои во одлуката на  Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот