Мојановски и Ѓоргевски за УБ: Преспанскиот договор создаде механизми за решавање на црковното прашање

Новинарот Бранко Ѓоревски смета дека тешко е да се реши прашањето но сепак е оптимист и смета дека тоа би требало да се случи годинава.

Вартолемеј упати покана до МПЦ и СПЦ за решавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

Гости во Утрински брифинг беа професорот Мојановски и новинарот Ѓорѓевски кои говореа за односите помеѓу СПЦ и МПЦ-ОА и евентуалното решение и признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

– Отворањето на прашањето ќе добие на динамика. Има една долга традиција на христијанство на овие простори. Веројатно отворањето на прашањето значи дека се бараат решенија кои се утврдени во нивните канонски правила и тоа ќе резултира со решение. Тоа во моментов е тешко да се прочита. Се надеваме дека за нашите потреби ќе значи решавање на едно прашање кое 50 години е присутно. Приближувањето кон ЕУ подразбира затворање на сите отворени прашања. Црковните прашања веќе не се во доменот на приватноста бидејќи се поврзуваат со општествените состојби. Преспанскиот договор создаде механизми за решавање на другите отворени прашања. Кои решенија ќе бидат понудени сеега е неблагодарно да се говори – изјави Цане Мојановски, универзитетски професор.

Новинарот Бранко Ѓоревски смета дека тешко е да се реши прашањето но сепак е оптимист и смета дека тоа би требало да се случи годинава.

– Мислам дека СПЦ нема да отиде на средба во Вселенската патријаршија бидејќи тоа би значело дека таа би имала мандат да решава околу споровите. Нешто што СПЦ не го дозволува, но сепак смета дека со тоа што нашето прашање е ставено на маса, Вселенската патријаршија сега настапува како Апелациски суд. Мислам дека до крајот на годинава ќе се реши прашањето – рече Ѓорѓевски.

Според него Преспанскиот договор помогнал кога се работи за црковното прашање и откако е потпишан ГПЦ е наклонета кон МПЦ-ОА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот