Мојановски и Ѓоргевски за УБ: Преспанскиот договор создаде механизми за решавање на црковното прашање - Слободен печат

Мојановски и Ѓоргевски за УБ: Преспанскиот договор создаде механизми за решавање на црковното прашање

Новинарот Бранко Ѓоревски смета дека тешко е да се реши прашањето но сепак е оптимист и смета дека тоа би требало да се случи годинава.

Вартолемеј упати покана до МПЦ и СПЦ за решавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

Гости во Утрински брифинг беа професорот Мојановски и новинарот Ѓорѓевски кои говореа за односите помеѓу СПЦ и МПЦ-ОА и евентуалното решение и признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

– Отворањето на прашањето ќе добие на динамика. Има една долга традиција на христијанство на овие простори. Веројатно отворањето на прашањето значи дека се бараат решенија кои се утврдени во нивните канонски правила и тоа ќе резултира со решение. Тоа во моментов е тешко да се прочита. Се надеваме дека за нашите потреби ќе значи решавање на едно прашање кое 50 години е присутно. Приближувањето кон ЕУ подразбира затворање на сите отворени прашања. Црковните прашања веќе не се во доменот на приватноста бидејќи се поврзуваат со општествените состојби. Преспанскиот договор создаде механизми за решавање на другите отворени прашања. Кои решенија ќе бидат понудени сеега е неблагодарно да се говори – изјави Цане Мојановски, универзитетски професор.

Новинарот Бранко Ѓоревски смета дека тешко е да се реши прашањето но сепак е оптимист и смета дека тоа би требало да се случи годинава.

– Мислам дека СПЦ нема да отиде на средба во Вселенската патријаршија бидејќи тоа би значело дека таа би имала мандат да решава околу споровите. Нешто што СПЦ не го дозволува, но сепак смета дека со тоа што нашето прашање е ставено на маса, Вселенската патријаршија сега настапува како Апелациски суд. Мислам дека до крајот на годинава ќе се реши прашањето – рече Ѓорѓевски.

Според него Преспанскиот договор помогнал кога се работи за црковното прашање и откако е потпишан ГПЦ е наклонета кон МПЦ-ОА.

Прочитај повеќе

Заев го повика Мицкоски да изнајдат заедничко решение за Законот за јавно обвинителство

Слободен печат

30 ПРАШАЊА СО СТУДЕНТ ВО „КУЗМАН“: Името на мојот студентски живот како филм би бил САМОУНИШТУВАЊЕ (ВИДЕО)

Слободен печат

Спасовски: За овие две и пол години се решија најважните и најтешките прашања

Слободен печат

Димовски: Со Зaконот за стратешки инвестиции се остава простор за потенцијални злоупотреби

Слободен печат

Дождовите спас од Бога: Стивнаа пожарите во Австралија

Слободен печат

САД ја поздрави одлуката на Албанија да протера ирански дипломати

Слободен печат

Остави Коментар

two × one =

Прочитај повеќе

Димов: Албанците добија многу права, бидејќи се бореа за тоа, ние Ромите не се бориме и затоа сме дискриминирани

ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО РУСИЈА: Путин во тајност ја држел својата одлука, на министрите во последен час им било речено да поднесат оставка

Слободен печат

Генералот Хафтар согласен со сите забелешки на Грција

Слободен печат

ФИТР-МБА: Домашните компании ќе имаат олеснет пристап до финансиски средства

Слободен печат

Калеска-Ванчева: Законот за јавно обвинителство може да биде добар само ако биде донесен со консензус

Слободен печат

Елезовски: Влезот во ЕУ и НАТО треба да гарантира стабилност за Ромите

Слободен печат