
Мода без отпад: Како да направите нови парчиња од „вишок“
Во светот позната како „Zero Waste Fashion“, модата без отпад е методологија, односно начин на производство на облека со цел при кроењето да не остане вишок ткаенина која станува отпад и завршува на депонија. А од такви парчиња можете и вие да си направите нови модели.
Препорачано
Еден начин да се постигне тоа е дизајнирање облека, односно конструкција и кроење на делови на таков начин кој не се создава отпад. Друг начин е да ги користите деловите што отпаднале при кроење поинаку: за друга облека или додатоци.
View this post on Instagram
Едноставни парчиња
Кроењата можат да бидат многу едноставни. Бабите на нашите баби сè уште плетеа ткаенина со ширина на разбој и се обидуваа да сошијат ноќници, кошули или едноставни фустани за секој ден со што е можно помалку отпад или без отпад.
View this post on Instagram
Кога зборуваме за зимска облека, кроевите за пончо или наметка се едноставни и секогаш во мода. Во зависност од дизајнот, можеме да постигнеме елегантен или убав секојдневен изглед. Големината на палтото може да варира и обично е правоаголна ткаенина со должина од 80 до 100 см и ширина од 40 до 60 см. Кроењето е особено погодно за почетници во шиење.
View this post on Instagram
Овој модел може да биде инспирација и за свечени или летни кошули. Може да го превземат исклучително витките, но и дами со карактеристична градба.
View this post on Instagram
Во оваа категорија спаѓаат и модели на комбинезони но и туники без или со малку вишок ткаенина која што може да се искористи за додатоци, ремен или брош.
View this post on Instagram
Покрај едноставниот, можно е да се создаде атрактивен фустан со малку посложен крој кој ја следи линијата на телото. Изградбата на таков крој бара поголема вештина и внимателен избор на ткаенина.
View this post on Instagram
Кимоното е уште еден пример на крој без отпад.
Ова е еден од начините да се поддржи одржливата мода. Производството на ваква облека не создава отпад, па со тоа се намалува загадувањето на животната средина.
View this post on Instagram