МНР - Министерство за надворешни работи - зграда / Фото: Слободен печа / Драган Митрески

МНР: Во тек се процедури за транспорт на телото на починатото момче во Ханиоти

Министерството за надворешни работи (МНР) потврди дека на плажа близу Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин

– Конзулатот во Солун е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија – се вели во сооптението од МНР.

Како што претходно соопштија дел од медиумите, момчето во бессознание било извлечено од морето, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт.

Младо момче од Македонија се удавило во Ханиоти

Момчето со возило на брзата помош било пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде што била констатирана смрт, јавува МИА.

Крајбрежната управа на Неа Мудања спроведува прелиминарна истрага за смртта на 19-годишниот, а телото ќе биде пренесено во Служба за судска медицина во Солун за да се изврши обдукција.

Волонтерот спасувач Јоанис Колокитас кој само неколку минути по несреќата пристигнал на плажата, преку социјалните мрежи изрази жалење за смртта на момчето и посочи дека 19-годишниот доживеал срцев удар по давење во морето.

Објасни дека спасувачката која била на плажата со помош на други капачи го извлекле момчето од морето и веднаш започнала со пропишаниот процес на реанимација со истовремена употреба на автоматски дефибрилатор.

– Во 16:45 ми се јавија и пристигнав на местото за две минути, приклучувајќи се кон напорите заедно со спасувачката за да го вратиме детето во живот. Итна реакција на екипата на брзата помош со здравствените работници Андонис и Катерина, продолжувајќи ги напорите заедно, но за жал без посакуваниот резултат. Транспорт на детето до здравствениот центар и придружба од моја страна во кабината на возилото на брзата помош, правејќи кардиопулмонална реанимација со Катерина од местото на преземање до здравствениот центар Касандра, а Андонис вози што е можно побрзо и внимателно, но за жал лекарите ја констатираа смртта на детето – напиша волонтерот спасувач Колокитас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот