Едукативната програма е наменета за ученици од основното образование

Младите генерации ќе ја откриваат магијата на филмот во „Филмска училница“

Кинотеката на Македонија од 13 септември ја започнува новата Филмска училница, едукативна програма наменета за ученици од основното образование (11 до 14 години) кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето на сопствени кратки филмови.

Филмската училница ќе се одвива секоја сабота, во текот на десетина последователни викенди, до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со процесот на создавање филм – од идеја и сценарио, преку снимање и монтажа, до финална проекција пред публика.

Сите училници ќе ги предводи режисерот Саша Станишиќ, долгогодишен едукатор и филмски професионалец, а во улога на гости-предавачи ќе се вклучат и монтажери, кинематографери, сценаристи и продуценти кои на младите филмаџии ќе им ги откријат тајните на професијата.

Филмската училница се реализира во рамки на меѓународниот проект „ФилмЕД“, финансиран од Европската Унија преку програмата Креативна Европа – МЕДИА, со цел развој на филмска писменост, промоција на европската кинематографија и збогатување на едукативните ресурси за млади. Проектот обединува институции и организации од Македонија (Кинотека на РСМ), Полска (Центар за филмска култура „Анджеј Вајда“), Унгарија (Национален филмски центар на Унгарија), Чешка („Крутон“) и Словачка („Кино Усмев“), со координација на Гете-институтот од Прага.

Со оваа иницијатива, Кинотеката продолжува со својата посветеност на младата публика и на развивање нови генерации што критички ќе го разбираат и креираат филмот, како медиум кој ги поврзува креативноста, културата и современото образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!