Абиола Бамијоко го потпиша првиот професионален договор со Сампдорија/Фото: twitter.com/MacedonianFoot

Младинскиот македонски репрезентативец Абиола Бамијоко потпиша за Сампдорија

Натурализираниот младински македонски репрезентативец Абиола Бамијоко го потпиша својот прв професионален договор со италијанскиот фудбалски клуб Сампдорија.

Бамијоко кој игра на позицијата централен бек се очекува да настапува во Италија за У18 тимот на Сампдорија во „Примавера“.

Нема одиграно официјален меч за Македонија, но годинава во пријателски натпревари 17-годишниот дефанзивец имаше настапи за нашите национални селекции до 17 и 18 години.

Претходно на клупски план беше дел од финската У19 екипа на ППЈ.

Составот на Сампдорија својот прв меч од новата сезона во италијанскиот фудбалски шампионат за играчи до 18 години ќе го има на 18 септември дома против Фиорентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот