Фото: илустрација / МИА

Млад кумановец со скутер удрил во девојче, тројца завршиле во болница

27-годишен жител на Куманово вчеравечер возејќи скутер удрил во девојче и паднал, при што се повредени возачот и девојчето, но најмногу сопатничката на скутерот, која има тешки повреди, соопшти МВР.

„На 25.09.2025 околу 19:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово, Н.Ј.(27) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, удрил во малолетничка од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот М.Л.Ј., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од екипа од СВР Куманово“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот