фото: vfmkd.org.mk

Митев го објави поширокиот список од 17 одбојкарки за Балканскиот кадетски шампионат

Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија, односно генерација на одбојкарки родени 2007 година и помлади, во понеделник попладне во Скопје ќе ги започнат подготовките за настапот на БВА Балканскиот шампионат.

Балканското првенство ќе се организира во периодот од од 11 до 15 јуни во Тирана, Албанија.

Селекторот Александар Митев и неговата асистентка Бранка Каленикова го објавија поширокиот список од 17 одбојкарки кои се повикани за оваа акција.

Поширокиот список на женска кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија:

Техничар: Ева Ристовска, Ива Илиева, Матеа Попоска, Тијана Пирова

Коректор: Андротеа Милевска

Примач: Ана Георгиевска, Ивана Милева, Анастасија Витанова, Симона Наковска, Јована Каленикова, Зофиа Георгиевска

Среден блокер: Викторија Трајкова, Матеа Сотировска, Стефанија Кипријановска, Лиле Лозановска

Либеро: Ана Ицковска, Мартина Азманова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот