„Мислев дека нема да издржам“: Александра Пријовиќ побарала лекарска помош пред петтиот концерт во Загреб

Foto: Printskrin/Instagram

Српската пејачка Александра Пријовиќ четири дена по ред пееше во Загрепската арена, а по еднодневна пауза го одржа и петтиот концерт пред хрватската публика.

Иако на синоќешниот концерт изјавила дека сака „шеста, седма и десетта Арена“ во Загреб, зад сцената нештата не биле идилични, пишуваат хрватските медиуми.

Како што откри на бината, пред синоќешниот концерт побарала помош од лекар, кој ѝ дал инфузија.

„Мислев дека нема да издржам, но издржав“, рекла Пријовиќ и му се заблагодарила на лекарот.

Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Маја Беровиќ и Дејан Матиќ ѝ беа музички гости на синоќешниот концерт, а од публиката ја бодрела нејзината свекрва Зорица Накиќ. Пејачката посебно ѝ се обрати и ѝ се заблагодари што го родила нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.

Инаку, Филип е син на поранешниот тенисер Слободан Живојиновиќ – Боба, сопруг на музичката ѕвезда Лепа Брена.

ФОТО+ВИДЕО | Александра Пријовиќ и четвртиот ден пеела во луксузна модна комбинација: Моделот чини над 13.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот