
Мишел стави крај на гласините за разводoт со Барак Обама: „Избрав да одлучувам во свое име“
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, проговори за тоа како луѓето едноставно одбиваат да веруваат дека таа сама ги носи одлуките и дека тоа довело до гласини за можен развод од Барак Обама.
Препорачано
Имено, неодамнешните шпекулации на социјалните мрежи сугерираа дека бракот на поранешните претседателски сопружници е на работ на колапс. Но, Мишел има свое објаснување зошто се појавија овие гласини.
Во интервју за подкастот „Работа во прогрес“ што го води актерката Софија Буш, Мишел признала дека дури откако ја напуштила позицијата прва дама, сфатила дека е време да престане да ги обвинува другите за своите одлуки или недостигот на одлуки. Таа претходно го наведе семејството, особено ќерките и сопругот, како причини зошто не ги носи клучните животни одлуки.
Иако Барак неодамна зборуваше за тоа како годините поминати во Белата куќа, од 2009 до 2017 година, значително го оптоварувале нивниот брак, Мишел изјавила дека сега се чувствува послободна да носи свои одлуки. Вели дека претходно многу од своите одлуки ги засновала на семејните обврски, но сега „сите нејзини избори“ се единствено во нејзина корист.
„Искрено, можев многу од овие одлуки да донесам пред години. Но, не си дадов слобода да го направам тоа“, рекла Мишел.
Таа додала дека жените често се борат со размислувањето дали ќе ги разочараат другите, што, како што вели, ги објаснува гласините за можен развод кога луѓето почнале да забележуваат дека таа сама ги носи одлуките.
„Тие сигурно претпоставуваа дека мојот сопруг и јас се разведуваме. Една возрасна жена не може само да донесе одлука за себе, нели?“, додала таа.
Мишел истакнала дека општеството често наметнува стереотипи кои ги тераат луѓето да се прашуваат кои се и што прават, а кога не ги исполнуваат очекувањата, тоа обично се означува како негативно.
Инаку, оваа изјава доаѓа откако Барак Обама во разговор со претседателот на универзитетот „Стивен Тепер“ се осврна на нивниот брак, особено по напуштањето на Белата куќа. Барак признал дека „бил во голема неповолна положба“ во однос на Мишел и дека „се обидувал да излезе од тој проблем преку заеднички активности и забава“.
Обама, исто така, отворено призна дека неговите два претседателски мандати дополнително ја искомплицирале нивната врска. Исто така, парот често истакнува дека со години работат на својата врска и покрај сите предизвици низ кои поминале.
Барак Обама проговори за брачната криза со Мишел: „Се обидувам да се извадам така што…“