Мисајловски и Тошковски во Истанбул/Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски – Ѓулер: Продолжуваме да го јакнеме партнерството за развој на двете земји

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Истанбул се сретнаа со министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Ѓулер.

На средбата, која се одржа на маргините на саемот за воена индстрија во Истанбул – IDEF 25, како што информира Министерството за одбрана, била истакната долгогодишната активна одбранбена соработка базирана на заедничката визија за одржување на стабилноста и безбедноста на регионот и развојот на двете земји.

Мисајловски и Тошковски во Истанбул/Фото: Министерство за одбрана

Заклучокот од средбата е дека и двете страни продолжуваат да го јакнат партнерството преку размена на знаење и стручност во сите области.

Министерот Мисајловски се осврнал и на последната нова и софистицирана опрема која стана дел од арсеналот на Армијата – хаубиците „Боран“ од турско производство кои се дел од декларираната артилериска батерија на Лесната пешадиска баталјонска група.

„Македонската Армија е убедена во квалитетот на турската воена индустрија. Македонската Армија минува низ досега најинтензивен процес на модернизација и опремување, што несомнено е инвестиција во безбедноста на македонските граѓани. Посилна Армија значи и посигурна и побезбедна колективна одбрана во НАТО“ изјавил Мисајловски на средбата и упатил благодарност за континуираната поддршка од страна на Турција особено во развојот на армиските капацитети.

Во рамки на посетата на Турција и учеството на саемот за воена индустрија IDEF 25, министерот Мисајловски вчера се сретна и со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун, со кого разговарале за развојот на воената индустрија и потребата од зголемени инвестиции во оваа област, како начин за зацврстување на безбедноста на сојузниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот