Мировник на ОН стациониран во Либан е повреден од минофрлачки оган

Мировник на ОН стациониран во Либан е повреден од минофрлачки оган, соопштија денеска привремените сили на Обединетите нации во јужен Либан (УНИФИЛ), јави ДПА.

Инцидентот се случил вчеравечер во близина на селото Хула во источниот дел на пограничниот регион меѓу Либан и Израел, се вели во соопштението.

Како што наведува германската агенција, не е јасно кој е одговорен за нападот. Мировникот е евакуиран на лекување. УНИФИЛ соопшти дека е погодено и неговото седиште во Накура.

„Силно ги повикуваме сите страни вклучени во конфликтот веднаш да го прекинат огнот. Нападот на мировниците на ОН е злосторство, кршење на меѓународното право и мора да биде осудено“, наведоа од УНИФИЛ.

Од почетокот на војната во Газа има сè пожестоки конфронтации на границата меѓу Израел и Либан, што доведе до жртви на двете страни. Моќната милитантна група Хезболах поддржана од Иран и израелските сили извршија напади што доведоа до жртви на двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот