Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Миралем Пјаниќ повеќе нема да игра за Босна и Херцеговина

Eден од најпознатите босански фудбалери на сите времиња, Миралем Пјаниќ објави крај на репрезентативната кариера.

Пјаниќ става крај на репрезентативниот фудбал на 34 годишна возраст по 16 години поминати во дресот на репрезентацијата.

„По 16 години за мојата Босна и Херцеговина дојде момент да кажам завршено е. Ова сигурно е една од најтешките одлуки кои морав да ги донесам, но со огромна гордост и вистинско задоволство велам – доста е. Одиграв 115 натпревари, искусив толку радости, одење на Светско првенство – сѐ беше сон кој го имав како мало дете и кој стана реалност. Секогаш со љубов и гордост го носев дресот на својата држава, играв за својот народ, за нашите верни навивачи низ целиот свет. Им благодарам на сите селектори, медицински особи и економи кои беа дел од целото ова патување“.

Им благодарам на навивачите што веруваа во мене и ми помогнаа да го остварам својот сон и играм за државата која ја сакам. Најголема благодарност оди за моите родители и целото семејство – бевте моја сила и поддршка низ сe. Во секој клуб во кој играв бев горд Босанец, секогаш се трудев да бидам пример за нашите деца, надевајќи се дека и тие еден ден ќе играат за најголемите светски клубови. На репрезентацијата и посакувам сѐ најдобро во иднина. Сергеј, мајсторе, ти посакувам сѐ најдобро, ми беше пример. Нѐ водеше до висина, се надевам дека повторно ќе нѐ поведеш на патот до успехот. Те сакам Босно моја“, порача Пјаниќ во своето обраќање.

Дресот на Босна, Пјаниќ го носеше на 115 натпревари, беше и капитен, а на клупски план настапуваше за: Мец, Лион, Рома, Јувентус, Барселона, Бешикташ и Шахран каде што сега е член.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот