
Лекари од државните болници ќе се обучуваат во Австрија и Италија
Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави дека освен со Словенија, веќе преговараат и со Италија и со Австрија за да може да се обучи наш кадар.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Тие ќе одат на краток престој таму и мораме паралално да работиме за да можеме да креираме инфраструктура и човечки капацитети. Исто така дигитализацијата ќе помага за да може нашите доктори, експерти кои живеат надвор од нашата држава да можат да бидат активни и да се вклучат во нашиот здравствен систем. Пак системот мислам дека ќе го реши еден од тие базични инфраструктуирни решенија за комуникација и надвор од државата, да бидат граѓаните и услужени, но и да бидеме сигурни дека податоците од нашите пациенти се во сигурни раце – изјави Алиу одговарајќи на новинарско прашање во општина Бутел, каде што беше најавена изградба на нова поликлиника во оваа општина.
Одговорајќи на новинарско прашање кој ќе работи во новата поликлиника во општина Бутел бидејќи има недостиг на специјалисти во останатите поликлиники во Град Скопје, Алиу рече дека работат и веќе има работна група за национална стратегија за креирање човечки капацитети во здравството.
– Во моментов интензивно работиме на вработување на приватните специјализанти и медицински сестри и се надевам дека за брзо време по креирање доволно модерна инфраструктура ќе имаме можност тука да дојдеме и да имаме прес-конференција за екипирање на целата поликлиника со доктори и медицински сестри – рече Алиу.