
Министерството за здравство и „Градски паркинг“ треба да договорат партнерство за паркингот во Клинички центар
Советниците на Град Скопје на утрешната седница треба да му дадат согласност на „Градски паркинг“ за преговарање и склучување на договор со Министерство за здравство за инвестициско партнерство, чија цел е регулирање и модернизација на паркингот во Клинички центар „Мајка Тереза“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Паркингот во комплексот клиники, во 2012 година Владата со одлука за давање во закуп на дел од недвижни ствари со непосредна спогодба со Град Скопје го даде под закуп на Градот, за „Градски паркинг“ да го организира паркирањето на овој простор во период од 10 години, за што во јануари 2013 година е склучен договор за закуп помеѓу Министерство за здравство и Град Скопје .
На 88-та седница одржана на почетокот на месецов, Владата усвои информацијата дека е потребно регулирање и модернизација на паркингот на клиниките и го задолжи Министерството за здравство да склучи договор со ЈП „Градски паркинг“, за инвестициско партнерство кое ќе овозможи регулирање и модернизација на паркингот кој ги опслужува пациентите и вработените во Клинички центар.
За ова да се случи, потребна е согласност од мнозинството советници, што речиси сигурно ќе се случи, тргнувајќи од тоа дека за одлуката се очекува да гласаат и советниците од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи станува збор за информација што доаѓа од Владата.