
Министерството за правда апелира да не се шпекулира за екстрадицијата на Палевски
Министерството за правда апелира до сите институции, медиуми, политички партии и други чинители во општеството да се воздржат од каков било коментар околу екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за двојно убиство, бидејќи може да наштетат на целиот процес.
Препорачано
Министерството за правда на медиумите ќе им ја објасни целата постапка за екстрадиција. Брифингот за стандардната постапка за екстрадиција ќе се одржи во 13:00 часот од страна на Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда – соопштија од Министерството.
Побарана екстрадиција на Палевски за да му се суди за убиството на Вања и Панче
Барањето за екстрадација што министерот за правда Кренар Лога го потпиша доаѓа по апсењето на Палевски во Турција на 5 декември, по издадената меѓународната потерница на 4 декември.
Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и двојно убиство свиреп начин. Во првичната истрага на Јавното обвинителство беа опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината.
Министерство за правда: Определен е 40 дена екстрадициски притвор за Љупчо Палевски
Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.
За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.