Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерот за здравство: Скопјани да не излегуваат ако не мораат, но без гајле, загадувањето од Дрисла не е здравствен проблем

Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски, посочи дека со доаѓањето на периодот на зачестени респираторни инфекции, хронично болните треба навреме да се заштитат со вакцина против сезонски грип.

Министерот за здравство, Азир Алиу, при посетата на ГОБ „8 Септември“ им препорача на скопјани да избегнуваат непотребно движење на отворено и истакна дека загадувањето од пожарот на депонијата Дрисла досега не предизвикало здравствени проблеми кај граѓаните.

И покрај дождот што од ноќеска паѓа во скопската котлина и донесе мало олеснување, пожарот на депонијата Дрисла и понатаму не е целосно изгаснат. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека и во претходните денови биле исфрлени огромни количини вода, но чадењето сè уште продолжува.

Ниту дождот не го изгасна пожарот на Дрисла – граѓаните се гушат од чадот и смрдеата

— Заедно со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) анализиравме дали постои некој тип на загадување со штета по здравјето на граѓаните. Мирисот на чад се чувствува и не е пријатен. Воздухот во моментот не е на ниво на загаденост којшто предизикува здравствени проблеми кај граѓаните. Препорачувам граѓаните да не се движат надвор, каде не е неопходно — рече Алиу по посетата на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.

„Доаѓа период на зачестени респираторни проблеми“

Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски, рече дека доаѓа период со зачестени респираторни проблеми, па хронично болните треба да се вакцинираат од сезонскиот грип навреме.

— Доаѓа есенскиот период, па горнореспираторните и долнорепсираторните инфекции ќе бидат чести. Ќе мора да се мониторира и квалитетот на воздухот и во соработка со Министерството за здравство да бидеме 24/7 достапни за граѓаните, за да го поминеме периодот со помал број посериозни заболувања од респираторен тип. Претпоставувам дека Министерството за здравство ќе излезе со препораки за краток период, за хроничните болни кои ќе мора да се вакцинираат од сезонски грип, и дека тоа ќе почне навреме за да не ни се преполнат амбулантите со пациенти — кажа Стојаноски.

Дрисла сѐ уште чади

На Дрисла и денеска сѐ уште има големо чадење, но во Скопје не се чувствува чадот затоа што ветрот дува во спротивна насока. Таму и понатаму се одвива затрупување со земја на најкритичните делови каде уште гори. На „Вардариште“ денеска нема чадење, тврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

 

„Дрисла“ и денеска чади, на „Вардариште“ е поставена екипа за обезбедување од потпалувачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот