Министерот Хоџа дециден: Како родител не можам да им објаснам на моите три деца каква гордост се промовира на парадата

Меѓу оние министри кои не ја поддржаа Парадата на гордоста, беше и првиот човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа од редовите на Движењето Беса. Тој преку статус на Фејбук го објасни својот став за парадата на која денеска се појавија многу негови колеги – министри, како и претседателот Стево Пендаровски.

„Начинот на живот е многу индивидуален и секој има право да живее како што сака. Тоа е демократија. Но, семејните вредности се над сѐ. Тие се основа за градење на здрава иднина. Како родител јас не можам да најдам аргументи да им објаснам на моите три деца каква гордост се промовира на парадата што се најавува. Ја почитувам слободата, како што ги почитувам и различните мислења за одредени теми, но за мене како јавна личност и како политички претставник на Движењето БЕСА во Владата сметам дека институцијата семејство и моралните и традиционалните вредности за она што претставува семејство се нешто свето“, напиша Хоџа на својот профил на Фејсбук.

Денеска за правата на ЛГБТИ заедница маршираа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерската за образование Мила Царовска и нивната колешка од ресорот труд и социјала Јагода Шахпаска.

ФОТО: Претседателот Пендаровски и неговата сопруга дел од Парадата на гордоста

На Парадата на гордоста во Скопје се појави и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, повеќе пратенички, политиколози и граѓански активисти како и амбасадори и друг персонал од американската, британската, холандската и другите амбасади и мисии во земјава.

„Вон ѕидовите”: Васил Гарванлиев, Туна, Фифи и Зоки Бејбе со добра музика ја поддржаа Парадата на гордоста

Civil Right Defenders: Мнозинството граѓани го поддржуваат правото на мирен Марш на гордоста

ГАЛЕРИЈА: „Доста е криење“, стотици дојдоа на Парадата да и дадат поддршка на ЛГБТИ заедницата

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот