Коронавирус ковид-19 Македонија болница 8 септември
Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Минатата недела имало шест нови случаи на ковид-19, вирусот може да ја засили активноста, велат од ИЈЗ

Шест нови случаи на луѓе инфицирани со ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари. По два случаја се регистрирани во Куманово и во Струмица, а по еден во Скопје и во Кичево, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавени денеска.

Петмина од новозаразените биле на возраст од над 60 години. Еден случај бил регистриран во возрасната група од 40 до 49 години.

Во текот на 2025 година, заклучно со 12 јануари, регистрирани се вкупно 11 заболени лица.

Од ИЈЗ наведуваат дека ниската стапка на трансмисија на сарс-ков-2, намаленото известување и малиот број на примероци за тестирање преку сентинел системите, имаат влијание врз способноста за прецизно да се процени епидемиолошката ситуација.

– Популацијата на ЕУ/ЕЕА севкупно има значително ниво на хибриден имунитет – претходна инфекција плус вакцинација – бустер дози, што дава заштита од тешка болест. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест. Хоспитализациите на лица со потврден ковид-19, приемите во интензивна нега и смртните случаи остануваат на ниско ниво во земјите на ЕУ/ЕЕА. Овие податоци во Република Северна Македонија не се достапни, велат од ИЈЗ.

Иако бројот на заболени од ковид-19 на неделно ниво е мал, со оглед на тоа дека во тек е периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси во северната хемисфера, постои ризик активноста на сарс-ков-2 да се зголемува, „што ја нагласува континуираната потреба од надзор – епидемиолошки и вирусолошки, на национално и регионално ниво“, велат од ИЈЗ.

– Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица, додаваат од Институтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот