
Милошоски: Пожарите не се случајни, а директорот на ,,Дрисла” е повикан на разговор
Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, тврди дека пожарите во Скопје не се случајни, а пожарот на Дрисла го поврзува со политичката припадност на директорот, кого го посочува како кадар на ДУИ, додавајќи дека некои актери можеби ги иницирале овие настани за да создадат страв и да добијат политички поени.
Препорачано
— Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат, а за последниот имаше и одредена видеоснимка, не би рекол дека пожарите се случајни, особено не пожарот во Дрисла, значи Дрисла е институција која има стандарди и норми на одлагање смет на негово согорување ако има потреба, директорот на Дрисла е од ДУИ и знам дека бил повикан на информативен разговор и ќе се покаже, според тоа и според други сознанија, дали и како се работело во ова претпријатие и дали со некое сторување или несторување се случил тој пожар во Дрисла којшто предизвика поголемо загадување и потоа беше саниран — посочи тој во емисијата „24 анализа“.
Сметам дека ваквото дејствување има елементи на субверзија, додаде тој, за да се предизвика несигурност кај граѓаните, да се предизвика страв, паника, да се одвлече вниманието од надлежните институции коишто се ангажирани во борба против криминалот, да се дефокусира, да се насочат ресурсите на друга страна, па на крајот на краиштата да се постигне некој политички ефект.
Пожарите кај Трубарево и кај „Дрисла“ и понатаму под контрола