Милиони Австралијци останаа без мобилни и интернет услуги поради пад на системот

Милиони Австралијци денеска останаа без мобилни и интернет услуги откако мобилниот оператор Oптус доживеа пад на системот. Oптус е вториот по големина провајдер во земјата, со повеќе од 10 милиони индивидуални клиенти и уште стотици илјади правни лица со кои работи.

Прекинот предизвика доцнење во сообраќајот, оневозможени болнички телефонски комуникации и платежниот систем, јавува Би-Би-Си. Причината за прекинот е непозната, а Oптус рече дека нема докази за сајбер напад и вети дека ќе ги обнови услугите до крајот на денот.

Министерката за комуникации Мишел Роланд рече дека ова е вознемирувачко утро за многу Австралијци и ја повика компанијата да биде транспарентна и „навремена“ во информирањето на клиентите. Компанијата Oптус минатата година претрпе хакерски напад што доведе до кражба на лични податоци од околу 10 милиони сметки, што е најголемиот ваков инцидент во Австралија, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот