
Милион луѓе на предизборен митинг на турската опозиција
Турската опозиција собра речиси милион луѓе на предизборниот митинг за поддршка на претседателскиот кандидат Кемал Киличдароглу. Најголемиот парк Орхангази во Малтепе, на азискиот брег на Истанбул беше исполнет целосно, а митингот го организираше опозициската Национална алијанса под мотото „Големата средба со народот“.
Препорачано
Преплавен со постери со ликот на Ататурк, како што објави француски „Ле Монд”, во паркот оддекнуваа извици „Право“, „Сакаме вистинска правда“, „Време е за промени“, „Економски просперитет“, „Пролетта е наша“, а посебно се заблежувало присуството на жени и млади луѓе.
Митингот започна во 17.30 часот, а траел до доцна во ноќта. Голем дел од собраните одбивале да си заминат.
Лидерите на шесте политички партии (Народна републиканска партија, Добра партија, ДЕВА, Партијата на иднината, Партијата на среќата и Демократската партија) кои се обединети во Националната алијанса, на чело со претседателскиот кандидат Кемал Куличдароглу, како како и кандидатите за потпретседател Екрем Имамоглу, градоначалник на Истанбул, и Мансур Јаваш, градоначалник на Анкара, во своите говори рекоа дека изборите на 14 мај ќе донесат промена на режимот на еден човек, а на изборите за претседател во првиот круг ќе победи кандидатот на опозицијата Кемал Куличдароглу.
За првпат во 20 години Реџеп Таип Ердоган не е фаворите во анкетите.
Неговиот противкандидат Киличдароглу во својот говор ја истакна демократијата, парламентарната демократија, која, според неговите зборови, на Турција ѝ е најпотребна во моментов, како и освојувањето на претседателската функција во првиот круг.
„Ќе бидам претседател на 85-милионската Турција, а целта е да ја извлечам нагоре, праведно да му служиме на народот“, рече Киличдароглу.
Денеска попладне предизборен митинг има Републиканската алијанса предводена од Ердоган, а се одржува во најголемиот парк во европскиот дел на Истанбул – националниот парк на аеродромот „Ататурк“.
Завршните митинзи за изборите ќе се одржат на 12 мај во Анкара, два дена пред парламентарните и претседателските избори на 14 мај, а ако има втор круг на претседателските избори, тој ќе биде на 28 мај.