
Милијардерот не бил „цвеќе за мирисање“: Мистериозната убавица е главен виновник за разводот на Бил и Мелинда Гејтс
Некои за разводот ја обвинуваат младата претприемачка Же Шели Ванг (36), која соработувала со парот Гејтс…
Препорачано
Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда објавија на 3 мај дека се разведуваат. Но, според извори запознаени со ситуацијата, разделувањето не било баш пријателско како што парот го претстави во јавноста.
Бил и Мелинда биле подготвени во март да откријат дека се разведуваат, но ги спречиле нивните адвокати, кои и понатаму се обидувале да склучат спогодба пред официјалната објава за развод.
— Bill Gates (@BillGates) May 3, 2021
Мелинда побегнала на рајски остров
Мелинда очекувала дека изјавата за разводот ќе предизвика хаос во медиумите па затоа „побегнала“. Анонимен извор изјавил за американскиот таблоид ТМЗ во четвртокот дека Мелинда престојува на карипскиот остров Калвињи, каде што едно деноноќие чини 132.000 долари. Најавата за развод била одложена до мај, но Мелинда сепак одлучила да оди на островот и со себе да ги понесе своите три деца, Џенифер, Рори и Фиби. Бил Гејтс не бил поканет на луксузното „бегство“, бидејќи, според изворите, децата му биле многу лути.
View this post on Instagram
Овие натписи сугерираат дека разводот на моќниот пар бил суров, но и дека некој облик на финансиска спогодба помеѓу наскоро поранешните сопружници сепак е направена. Наводно, на денот кога Мелинда официјално побарала развод, Бил ѝ префрлил акции во вредност од речиси 2 милијарди долари.
Уште не е јасно што го предизвикало крајот на бракот, но познато е дека Мелинда прва поднела барање за развод велејќи дека нивниот однос е „неповратно нарушен“.
View this post on Instagram
Обвинета убавата преведувачка
Некои „виновникот“ го гледаат во младата претприемачка, која соработувала со парот Гејтс. Имено, Же Шели Ванг (36), која соработувала со филантропската фондација Бил и Мелинда Гејтс, морала да одговори на гласините што кружат на интернет, а според кои таа имала афера со Бил Гејтс. Ванг рекла дека тоа се неосновани гласини и дека не е виновна за разделбата на Бил и Мелинда, кои беа во брак 27 години.
Bill Gates mistress is Zhe ‘Shelly’ Wang from China. pic.twitter.com/JRc37U6iiy
— Michael DeLauzon ?? ? (@MichaelDeLauzon) May 5, 2021
„Отпрвин мислев дека гласините самите ќе се побијат, бидејќи нивните извори немаат основа, но не очекував дека ќе станат сѐ полуди. Благодарност до сите што изразија загриженост за мене во изминатите 24 часа преку приватни пораки и до пријателите што ми помогнаа да ги негирам озборувањата“, напишала Ванг на социјалната мрежа Веибо. Нејзините пријатели ја бранат, велејќи дека таа е чесна девојка и дека не би се вмешала во туѓи бракови.
#Chinese interpreter, 36, who works for Bill and Melinda Gates Foundation denies vicious rumors that she is the reason for the couple’s $130B split
Zhe ‘Shelly’ Wang was forced to confront online rumors of an affair with Gates,She living in #Seattle and unmarried pic.twitter.com/O1JmhLcc7c— Hans Solo (@thandojo) May 6, 2021
Ванг, која живее во Сиетл и не е мажена, е професионална преведувачка, а соработувала со Универзитетите Јејл и Харвард, како и со Фондацијата „Гејтс“. Нејасно е што довело до тоа Ванг да биде мета на гласини, освен фотографиите што ги објавила на интернет, а кои покажуваат дека соработувала со Фондацијата „Гејтс“, но навестувањето за нејзината врска со Бил како пожар се раширило на кинеските социјални мрежи.
Fox News ‘discovers’ an obvious mainland chinese spy, Zhe Shelly Wang, who talked to bill gates a few times, MUST have caused the divorce, and threatens ALL things American. Predictable.https://t.co/KNH1kGhovu pic.twitter.com/CqE727qhaT
— ✨Sk Boz✨ (@skkboz) May 6, 2021
Еднаш годишно се гледал со поранешната девојка
Медиумите се концентрирале и на годишните одмори на милијардерот и на неговата поранешна девојка Ен Винблад, со која бил во врска пред Мелинда. Еден од најинтригантните детали од бракот на Бил и Мелинда е фактот дека тој одржувал цврст контакт со поранешната девојка. Гејтс секоја пролет поминувал неколку денови со Ен во нејзината куќа во Оутер Бенкс, без Мелинда, каде што уживале во возењето џипови по песок, во долгите прошетки и во возењето глисер. Самиот Бил тоа го потврди во интервјуто од далечната 1997 година, во кое открил дека поминува еден викенд годишно со Ен.
Гејтс еднаш годишно поминувал викенд со поранешната девојка, Мелинда го одобрувала тоа!
Бил и Ен раскинале во 1987 година, по тригодишна врска, делумно затоа што Ен, која е пет години постара, тогаш била подготвена за брак, додека Гејтс не бил. „Кога решив да се оженам со Мелинда, ѝ се јавив на Ен и ја прашав за благослов“, изјавил Бил за „Тајм“. Ен во меѓувреме се омажила за Едвард Алекс Клајн.