
Милевски: Тимската игра е важна, ако вака функционираме, ќе изгледаме добро на теренот
Македонската фудбалска А репрезентација во Скопје ремизираше 1:1 против Белгија во квалификациите за Светското првенство 2026.
Препорачано
Ова е важен бод за нашите најдобри фудбалери да останат во трката за учество на Мундијалот кој ќе се организира во САД, Канада и Мексико.
Велс славеше на домашен терен со 3:0 против Лихтенштајн и моментно е на првото место со седум бодови од три натпревари, додека Македонија е на втората позиција со пет бодови од три натпревари.
Следниот предизвик за нашата селекција ќе биде Казахстан на 9 јуни во Астана.
– Им честитам на моите фудбалери за настапот против Белгија. Покажавме дека можеме да играме против најдобрите. Задоволство беше да се гледа како Македонија изгледаше против Белгија која е фаворит во нашата група. Упатувам благодарност до сите навивачи кои ни ја дадоа поддршката. Секогаш тимската игра е важна, и ако вака функционираме, ќе изгледаме добро на теренот. Ова реми да ни значи ништо доколку не направи добар резултат против Казахстан. Голот на Алиоски беше феноменален, а сега се фокусираме на Казахстан на чиј меч нема да сметаме на Алими и Димоски поради повреди – рече Милевски.
Покрај Исник Алими и Бојан Димоски, ќе отсуствува и селекторот Милевски поради неговиот црвен картон на дуелот против Белгија по вербален дуел со четвртиот судија.