Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Милевски: Експериментиравме во Прага – ќе бидеме максимално мотивирани против Лихтенштајн
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија одигра пријателски натпревар со Саудиска Арабија во Прага, Чешка, и загуби со резултат 2:1 на стадионот „Викторија Жишков“.
Препорачано
Нашиот национален тим поведе со фантастичниот гол со ножички на Александар Трајковски во 40 минута, но Саудиска Арабија израмни пред одморот со погодокот на Ал Брикан. Победничкиот гол го постигна Абдулах Ал Хамдан во 78 минута.
Селекторот Благоја Милевски веднаш по натпреварот даде и анализа на пријателскиот меч.
– Има многу моменти од кои сум задоволен, особено затоа што експериментиравме со составот. Добивме уште двајца играчи кои ќе ја засилат конкуренцијата во тимот. Веќе нагласив дека натпреварот со Лихтенштајн е од големо значење за нас, а сè останато служи како подготовка. Одигравме квалитетен меч против силен противник и навистина ми е задоволство што работам со вакви фудбалери. Сите се адаптираат на новата формација и задачите. Против Лихтенштајн ќе бидеме максимално мотивирани, како што сме на секој натпревар – изјави Милевски.
Нашите најдобри фудбалери сега ги очекува дуелот против Лихтенштајн в недела (18.00 часот) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во петтото коло од квалификациите за Светското првенство. Влезниците за овој натпревар се во продажба, повеќе ТУКА
ФОТО+ВИДЕО | Македонија поразена од Саудиска Арабија на контролниот меч во Прага
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
11мин
-
27мин
-
29мин
-
51мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5