Влатко Лозаноски / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Миленикот на македонската публика, Влатко Лозаноски, денеска го слави својот 40. роденден

Македонскиот пејач Влатко Лозаноски, познат како Лозано, денеска го слави својот 40. роденден.

Лозаноски е роден на 27 јуни 1985 година во Кичево.

Негов прв јавен настап беше како натпреварувач на македонското музичко шоу „Мак Ѕвезди“ со песни од Тоше Проески во септември 2007 година, но за жал не успеа да се пласира во финалето.

Еден месец подоцна, тој доби гран при за дебитант на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната „Врати ме“, што воедно е и неговата прва песна, додека неговата втора песна е „Обичен без тебе“.

Во октомври 2008, со песната „Времето да застане“ ја доби наградата од жирито на фестивалот „Макфест“ во Штип. Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната „Блиску до мене“ и се пласираше на четвртото место. Во јуни истата година настапи на фестивалот „Pjesma Mediterana“ во Будва, Црна Гора. Во јули, пак, настапи на фестивалот „Slavianski Bazar“ во Витебск, Белорусија каде доби втора награда.

Следно, заедно со Магдалена Цветкоска, со песната „I’m your angel“ настапи на фестивалот „Golden Wings“ во Молдавија, каде го освоија второто место. Неговиот прв албум беше објавен во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната „Летам кон тебе“, но го освои четвртото место.

Во декември 2012, Македонската радио-телевизија најави дека Лозано, заедно со Есма Реџепова ќе ја претставуваат Македонија на изборот во Малме со песната Пред да се раздени. Не успеаа да се пласираат во финале, го освоија 16-тото место од вкупно 17.

Лозаноски е успешен во својата музичка кариера, а приватниот живот вешто го крие од јавноста. Тој, пред осум месеци откри дека станал татко на синчето Марко, со својата партнерка за која исто така не споделува многу информации.

Настани и награди:

– Радиски Фестивал „Ѕвездена ноќ“, Охрид, Македонија (2008) – Гранд при награда
– „Макфест“, Штип, Македонија – Гранд при награда
– „Скопје фест“ (2009) – 4-то место
– „Pjesma Mediterana“, Будва, Црна Гора (2009)
– „Slavianski Bazar“, Витебск, Белорусија (2009) – 2-ро место
– „Golden Wings“, Кишињев, Молдавија (2009) – 2-ро место
– „Скопје фест“ (2010) – 4-то место
– „Sea Songs festival“, Севастопол, Украина (2010) – 4-то место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот