Милатовиќ за заминувањето од ПЕС: Не сакам никому да му го дадам својот легитимитет

Јаков Милатовиќ убедливо го победи Мило Ѓукановиќ на изборите во Црна Гора/Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, поранешен заменик-претседател на Движењето Европа сега (ПЕС), денеска изјави дека не сака неговата оставка од членството во партијата да ја оптоварува црногорската јавност, ниту да им наштети на неговите поранешни сопартијци.

– Исто така, во врска со одредени работи што се случија, особено во изминатите неколку месеци, повеќе не сакам да го давам својот легитимитет на никого, особено ако се работи за одлуките што се донесени и начинот на работа што е спротивен на принципи на кои сега е засновано Движењето Европа сега, изјави Милатовиќ по конференцијата „Помеѓу реалноста и измамата: Дезинформациите како закана за демократските општества“, организирана од Центарот за демократска транзиција со поддршка на Амбасадата на САД во Подгорица.

Тој додаде дека без оглед на неговата партиска припадност, тој е целосно посветен на функцијата претседател на државата и таа така ќе остане.

– Доколку во иднина се одлучам за поинаква политичка акција, како и секогаш, ќе ја информирам јавноста транспарентно и навреме, посочи Милатовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот